Рафаел Бенитез тренерот на Челзи најави заминување од клупата на сините од Лондон на крајот од сезоната. Ова се случи по синоќешниот дуел од ФА Купот каде навивачите на Челзи и покрај победата над Мидлзброу истакнуваа пароли и скандираа против шпанскиот стручњак.
– Многу сум разочаран поради тоа што нашите навивачи наместо да ја насочат енергијата кон поддршка на фудбалерите тие го губат времето со мене. Им порачувам да не се грижат, бидејќи јас на крајот на сезоната ќе го напуштам клубот, истакна Бенитез.
Тој потенцира дека колку и да не се видливи резултатите, во Челзи се работи крајно професионално и како што рече, така ќе биде се до неговото заминување.
Бенитез упати апел до навивачите да му помогнат на својот миленик во преостанатиот дел од сезоната да избори пласман во Лигата на шампионите.