Сопругата на Јанакиески: Политиката нема да се исчисти ако се изживуваш врз Миле

Од:

Сопругата на Миле Јанакиески, Сања се огласи на својот Фејсбук профил и напиша дека ова што му се случува на нејзното семејство не е правда.

„Не се разбирам во политика. Не сум ја следела ниту ја сакам. Но политиката нема да се исчисти ако се изживуваш со Миле. Колку и трагикомично да звучи ова. Секој знае за себе. Јас знам за Миле. И знам дека ова е неправда. Дека не е во ред. Има уште многу да се кажува за Миле. Многу повеќе од тоа дека нешто му текнало“, напиша сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски.

Инаку Јанакиески иако беше во домашен притвор, беше приведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Тој веќе една недела штрајкува со глад.

Би можело да ве интересира

Миле Јанакиески излегува од затвор

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

ВИДЕО: Во празна судница, Игор Јанушев осуден на двегодишна условна казна за кинеските автобуси

Александар Тодески