Европската народна партија и Социјалистите и демократите ја зачуваа позицијата во ЕП

Од:

Европските народни партии ЕПП и Социјалистите и демократите (СД) си ги поделија 9 од 12-те потпретседателски места на Европскиот парламент. Новата група создадена од партијата на Емануел Макрон и либералите Ренова им помогна да ја задржат оваа биполираност, која беше осудена од Зелените, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Коалициските договори меѓу политичките сили неизбежно доведуваат до компромиси. Но, изминатата парламентарна сесија во Стразбур, каде беше конституиран нновиот Европски парламент, Зелените беа изненадени да ги видат последиците од нивното отсуство во Европскиот совет. Шефовите на држави преговараа меѓусебно, за нивните партии и бидејќи нема ниту еденшеф на државата од партијата на Зелените, тие ги платија последиците.

Големите партии на ЕНП и СД, како и обично, ги поделија повеќето од замениците-претседатели. Со своите 182 европратеници од десните конзервативци и 154 од левицата, тие си поделија 9 потпретседателски места меѓу нив, 6 за десницата и 3 за левицата која го доби и претседатеството на Европскиот парламент. За другите останаа само трошки, 2 потпретседателства за Ренова (104 членови) и само 1 за Зелените (74 членови).

Другите партии, кои сепак претставуваат 233 од вкупно 751, или 32% од хемициклот, немаат ништо. Со воспоставување на „санитарен“ кордон околу екстремната десница, таа не добива никаква одговорност во рамките на на Европскиот парламент.

Новата парламентарна група Ренова Европа,која сега тврди дека е колошка, не препорача да гласа за никој од канидатите на Зелените. Официјалната гласачка листа на коалицијата, дистрибуирана од страна на Ренова на нејзините членови и објавена од Јаник Жадот на Твитер, покажува дека партијата барала од своите претставници да гласаат за социјалистичките кандидати или пак ЕНП, покрај сопствените, но не и за тие на Зелените.

Тие се дотолку понезадоволни што побарале да се гласа и за кандидатите од Фидес на Виктор Орбан, која во моментов официјално е суспендирана во ЕНП поради антиевропските провокации.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Белгиската полиција уадна во седиштето на Европската народна партија во Брисел

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска