Во Кочани отворена летната културна манифестација „Петровденски конаци“

Од:

Со танго-концертот на камерниот состав „Виварт“ и ликовниот перформанс на академската сликарка Андијана Мациев, синоќа во Кочани почна културната манифестацијата „Петровденски конаци“.

Четиричлениот ансамбл со карактеристичен звук и тонска боја, во чиј состав се мецосопранот Александра Коцевска, пијанистката Билјана Петровска, виолинистката Милена Тодороска Мургоски и контрабасистот Зоран Павловски на настапот пред кочанската публика направи одлична комбинација на класичната школа и популарната музика. За концертот во Кочани, членовите на „Виварт“ одбраа дела на Карузо, Освалдо, Сантос, Мартини и други класични автори.

– Со манифестацијата „Петровденски конаци“, што годинава ја организираме по тринаесетти пат, е наш придонес кон продолжувањето на традицијата за одбележување на празникот Петровден, кој истовремено е и празник на Кочани. Со многубројните културни содржини и жанровската разновидност во овогодишната програма, се надеваме дека нашите граѓани и гостите ќе уживаат во понудата. Настапот на познати имиња од театарската, музичката, литературната и ликовната уметност нека бидат мост меѓу исконското и современото, меѓу празнувањето и уметноста, истакна на отворањето на манифестацијата, градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Вечерва на програмата на „Петровденски конаци“ е интерактивна изложба на авторката Надица Атанасова под наслов „Организам со волја и страст за себеутрврдување“, а ќе биде отворена и ликовна колонија со интерактивен перформанс на која ќе учествуваат повеќе академски сликари, кои ќе творат по инспирација од Кочани.

Програмата на манифестацијата финансиски се реализира со средства од буџетот на Општина Кочани, од Министерството за култура и од Центарот за култура „Бели мугри“.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ