Патувачкото кино на „МакеДокс“ со проекции во Албанија

Од:

Со проекција на анимирани филмови за деца од програмата на Док Лајпциг и два документарни филма во селото Бучимас, сместено непосредно до Поградец на брегот на Охридското Езеро од албанска страна, патувачкото кино на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ првпат ги премина државните граници и го направи првиот чекор кон остварувањето на повеќегодишната желба креативната документаристика да ја дисперзира на регионално ниво.

– За нас ова е навистина историски момент бидејќи по девет години постоење на Патувачкото кино првпат имаме проекција во друга држава. Особено ни е драго што таа привилегија ја имаат жителите на Бучимас, изјави Петра Селишкар, селектор на главната програма на „МакеДокс“ пред публиката во Бучимас.

Во Бучимас за 100-тина деца прво имало проекција на анимирани филмови од програмата Док Лајпциг, а потоа за повозрасната публика кратки документарни филмови „Љубовта на Кочо Топенчаров“ (1991) на Антонио Митриќески и „Совдагари“ (2018) на грузиската режисерка Тамта Габричидѕе.

Следните проекции на патувачкото кино ќе се одржат во Вишни (петти јули), Драслајца (шести јули) и Пустец (седми јули). Со киното патува и библиотеката со книги собрани со донаторската акција во Скопје.

Од денеска до 11 јули на патувачкото кино ќе им се придружи третата генерација „Докуникулци“, кои оваа година ќе работат во формат на камп за креативен документарен филм, а првпат и оваа платформа е поставена регионално со учество на млади од 15 до 18 години. Партнери на „МакеДокс“ во овој проект се Академијата за филм и мултимедија „Маруби“ од Тирана и Филмскиот фестивал „Слободна зона“ од Белград.

Филмската програма на патувачкото кино на петти, седми и 10 јули ќе биде збогатена и со проекцијата на документарниот филм „The Way of Clave“, кој произлезе од проектот „Ширење на видици“ (Widening the Lens). „Ширење на видици“ е дел од програмите на Communities Conecting Heritageˢᵐ, кои се финансирани од Владата на САД и управувани од World Learning.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ се реализира со поддршка од Агенцијата за филм, Амбасадата на Германија и овозможено е од Western Balkans Fund.

Би можело да ве интересира

Почна фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Видеохроникa од патувачкото кино во Преспа

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска