Средба Иванов – Бан Ки Мун

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов попладнево во Виена одржува средба со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун.

Фокус во разговорите на средбата, што се одржува на маргините на 5.Глобален форум на Алијансата на цивилизациите, се активностите за решавање на спорот за името.

Претходно Иванов имаше средба со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, на која е искажана потврда за добрите политичко економски односи меѓу Турција и Македонија и поддршка за македонското зачленување во НАТО.

За време на престојот во Австрија Иванов денеска се обрати на отворањето на форумот, а вчера се сретна со неговиот австриски колега Хајнц Фишер, со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и со заменик-генералниот директор на Организацијата на Обединетите нации за индустриски развој (УНИДО) Таизо Нишикава.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on