Нова сензационална победа на 15-годишната Кори Гоф на „Вимблдон“

Од:

Петнаесет годишната Американка Кори Гоф, нарекувана уште Коко, продолжува со одличното претставување на тенискиот турнир „Вимблдон“.

Откако сензационално ја отстрани петкратната шампионка и нејзина обожавателка, Венус Вилијамс, Гоф победи и во вториот круг од Гренд-слем турнирот.

Таа победи со 6-3, 6-3 против Магдалена Рибарикова од Словачка, која е специјалист во игра на трева и поранешен полуфиналист на „Вимблдон“ од 2017 година

Коко Гоф стана најмладата натпреварувачка, која ги надминала квалификациите на „Вимблдон“ и најмладата, која стигнала до 3-тиот круг, по Џенифер Капријати која се рангира во оваа фаза пред 28 години.

Пред големиот успех над Винус Вилијамс, Коко Гоф беше целосно непозната. Таа е надвор од првите 300 на светската ВТА листа. Таа се уште е ученичка и во пресрет на натпреварот со Вилијамс, требало да оди на тест.

Гоф вели дека повеќето од нејзините наставници немаат идеја дека игра тенис. За неа и нејзиното семејство, сепак успехот не е толку изненадувачки.

Често се опишува како одличен талент. Кога имала 11 години, Гоф била избран од тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу, да тренира со него во Франција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Алкараз доминантен против Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на Вимблдон

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон

Медведев го исфрли Синер од Вимблдон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трет пат ме прашуваш истото: Новак замина сред интервју на ББС

Новак Ѓоковиќ во четвртфинале: Не допирате до мене

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло и израмни уште еден рекорд на Ферер