Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ во Европскиот парламент изјави дека е многу загрижен поради власта на Албанија која бара создавање на „Голема Албанија“, бидејќи тоа ќе предизвика моментална нестабилсност на Балканот.
Во расправата која што ја организираше социјалистичката група во ЕП, Тадиќ подвлече дека бил против „Голема Србија“ и „Голема Хрватска“ и дека затоа се противи и на плановите за создавање на „Голема Албанија“, додавајќи дека и самото напоменување на името веднаш создава нестабилност.
Балканот е многу сложено подрачје, кога се работи за народите кои што живеат. Албанците не живеат само во Албанија, туку и во Грција, Македонија, Црна Гора, Србија изјави Тадиќ одговарајќи на прашањата на пратеникот на ЕП дали национализмите на Западниот Балкан го загрозуваат европскиот пат на државите.
Ние работиме на стабилизиција и мир во регионот, изјави Тадиќ додавајќи дека во спротивно би имало крајно, тешка и сложена ситуација во регионот.
Тој побара од пратениците на Европскиот парламент да ги предупредат албанските политичари и власта, кој би бил епилогот доколу продолжат по тој пат.