МВР го откри лицето што го вееше знамето со „голема Албанија“, граѓаните да известат ако го забележат

Од:

Во врска со кривично – правниот настан од 11 август на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“.

– Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР, соопштија денеска од МВР.

МВР ги повикува граѓаните доколку го забележат ова лице или имаат било какви сознанија за него кои може да помогнат во истрагата што ја води СВР Тетово во координација со јавен обвинител, веднаш да ја известат најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски