Авион на летот од Лондон кон Бангалор прогласил вонредна состојба само 14 минути по полетувањето.
За девет минути се спуштил околу три километри пониско и моментно кружи околу еден час над Ламанш, чекајќи одобрување за враќање на аеродромот Хитроу.
Според првичните информации, авионот полетал во 15,30 часот по локално време, по што набрзо пилотот известил дека постои проблем, поради кој побарал дозвола за враќање назад.
Засега не е позната причината зошто е прогласена тревога, но постои сомнеж дека пилотот и копилотот носат маски за кислород.