СДСМ: Михаел Младеновски одамна е прочитан

Од:

Михаел Младеновски одамна е прочитан. Затоа, нема потреба да прави театар околу седиштето на СДСМ, порачаа од СДСМ.

Поранешниот член на Социјалдемократската младина, Михаил Младеновски, кој беше исклучен од партијата изјави дека тој и неколку негови истомисленици поради политиките на СДСМ, си заминале и почнале да функционираат самостојно.

„Поради ваквите политики на СДСМ, токму затоа се одделивме од таму и функционираме самостојно. Ние не сме членови на други политички партии, бидејќи не знаеме кој ни е статусот во СДСМ. Имаме соработка со СДУ за локалните избори“, рече Младеновски.

„Редно е сите свои идеи да почне да ги доставува до неговата нова матична партија, до жолтата куќа на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Михаел Младеновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски