Турските власти денеска издадоа налог за апсење на 122 припадници на армијата под сомнение дека се поврзани со мрежата на имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а Анкара го обвинува за организатор на неуспешниот воениот удар во 2016 година.
Обвинителството соопшти дека полицијата презела една операција во Истанбул, каде трага по 40 осомничени, меѓу кои има и високи воени офицери, а акции за апсење се спроведуваат и во провинциите Измир и Конија.
Полицијата во Измир трага по 42 осомничени, а во Конија по 40 лица.
Три години по неуспешниот обид за пуч над 77.000 луѓе во затвор чекаат судење, а околу 150.000 државни службеници, припадници на армијата и други се сменети или суспендирани од работа.