„Анте Поповски – Антево перо“ од 4 до 6 октомври во Скопје и Лазарополе

Од:

Втората Меѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ ќе има многу поамбициозна и побогата програма во споредба со минатогодишното прво издание и покрај, како што посочува организаторот, далеку поскромниот доделен буџет во однос на претходната 2018 кога манифестацијата првпат влезе во годишната програма на Министерството за култура.

Во чест на творештвото на Анте Поповски, веќе е распишан конкурс за доделување на наградата „Антево перо“ која се доделува за необјавена поетска книга на македонски јазик.

Манифестацијата ќе се одржува од 4 до 6 октомври во Скопје и во Лазарополе – родното село на поетот. На 4 октомври во спомен-собата на Анте Поповски во Домот на културата во Ѓорче Петров, ќе има поетско читање на кое ќе биде официјално прогласен победникот на годинашниот конкурс за „Антево слово“, кому ќе му биде врачена наградата и отпечатениот авторски примерок од победничката збирка. Поетско матине е предвидено и на 5 октомври во Паркот на поезијата на мијачкиот крај во Лазарополе, како и во акустичниот амбиент на селскиот духовен храм „Свети Ѓорѓија“.

На манифестацијата ќе има и работилници за креативно пишување и поетско изразување за талентирани млади од сите образовни степени. Новина ќе биде и симпозиум на неколку теми – „Антево дело“ кој ќе се одржи во хотелот „Калин“ во Лазарополе, а ќе учествуваат научни, културни работници, писатели, уметници, сликари, јавни личности и познајници на Анте Поповски кои би ги расветлиле неговиот лик и дело.

Би можело да ве интересира

Македонка Божиновска лауреат на „Антево слово“ за 2023/2024 година

Катерина Ѓуровски

Омаж во чест на академик Анте Поповски

Наградата „Антево Перо“ за 2023 година за „50 испеани приказни “ од Александар Русјаков

Катерина Ѓуровски

Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска