Игор Стевковски ја доби наградата за најдобар карикатурален стрип во Лесковац

Од:

Илустраторот и стрип цртач Игор Стевковски-Стевац е добитник на признанието за најдобар карикатурален стрип „Мивел“ на 21. Балканска смотра на млади стрип автори во Лесковац, што ја организираше училиштето за стрип „Никола Митровиќ Кокан“.

Извршниот директор на Стрип центар на Македонија, Ване Трајков истакна дека смотрата е посебно почитувана од стрип сцената во нашата држава и претставува најпогодно место за остварување контакти и идна соработка, како и презентирање на актуелните изданија од македонски автори и издавачи.

Освен Трајков, учесници од нашата земја биле и Ласко Џуровски, Златко Крстевски, Никола Темков и младите Томи Џуровски и Никола Панов.

– Морам да го истакнам квантитетот, но пред се’ и квалитетот на изложените стрипови, посебно од страна на младите автори од земјите на Балканот. Уште еднаш се потврди дека со зголемена поддршка кон младите автори од нашата земја, посебно во полето на едукацијата, тие ќе чекорат „рамо до рамо “ со своите врсници од странство, потенцира Трајков.

Тој појасни дека првите мегусебни контакти со овој реномиран стрип фестивал се реализирани за време на минатогодишниот Интернационален стрип салон во Велес, кога на Игор Стевковски Стевац му беше доделено годишното признание за развој и афирмација на македонскот стрип „Љупчо Филипов“.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он