Силите лојални на либискиот воен лидер Kалифa Хафтар ќе почнат силни воздушни напади врз цели во главниот град на Либија, Триполи, изјави командант Мохамед Манфур.
Тој ги предупреди жителите на Триполи да ги избегнуваат седиштата на милицијата и воените кампови.
– Воздушната кампања ќе уследи откако ќе бидат исцрпени традиционалните средства на војување поради ослободување на Триполи, посочи генерал Манфур.
По соборувањето на долгогодишниот лидер Муамер ел Гадафи во 2011 година Либија е нестабилна поради големиот број на вооружени групи кои се борат за власт и контрола над нафтените полиња.
Од летото 2014 година Либија е политички поделена на две влади – самопрогласената во источниот дел на земјата, со седиште во Тобрук што е под контрола на 75-годишниот Хафтар и меѓународно признаената Влада со седиште во Триполи со премиерот Фајез ел Сараџ.