Во Охрид и Битола почувствуван земјотрес со епицентар од Корча

Од:

Во Охрид и во Битола попладне во 15:01 часот е регистриран земјотрес со интензитет од четири, односно три степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатиот дел од државата од два степена.

Епицентарот на земјотресот со Рихтерова магнитуда од 4,7 се наоѓа 180 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнува од епицентралното подрачје Корча.

Земјотресот го регистрираше телеметриската сеизмолошка мрежа на државава со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Грција

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола