Под ледникот на Гренланд откриени 56 езера

Од:

Научници од универзитетите во Ланкастер, Шефилд и Стeнфорд во Велика Британија откриле 56 досега непознати езера под ледникот на Гренланд. Стручните лица сметаат дека тие содржат остатоци од живи организми, кои живееле во екстремни услови, пишува Phys.org.

Според истражувачите, гренландските езера се помали по површина од сличните водени пространства на Антарктикот, но тие почесто се среќаваат во природата, отколку што се сметаше претходно.

Езерата биле откриени со помош на радар на авион, којшто минал вкупно 500.000 километри. Зафатнината на тие води се проценува на 2.800 кубни километри.

Должината на езерата се движи од 0,2 – 5,9 километри. Повеќето од нив се најдени под бавнодвижечки мраз, далеку од постабилните подрачја на Гренланд.

Претходно, на 22 јуни, американските медиуми јавија за џиновски воден слој откриен на североисточниот брег на САД, солена вода, која содржи порозни седименти.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Натпревар на суперсили во Гренланд – Минералното богатство го направи островот геополитичко бојно поле

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд

А1он

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Покривката на Гренланд загуби 4.700 милијарди тони мраз

Ана Ололовска