(ВИДЕО) Заев: Струмичко е под вода, луѓето се во паника

Од:

Жителите од поплавените населени места во општина Струмица ги чека уште една долга ноќ во битка со водената стихија. Најзагрозени се селата Муртино, Сачево, Просениково, Дабиле, каде сè е поплавено, и домовите и пластениците засадени со раноградинарски култури, под вода се дел и од автомобилите и земјоделската механизација. Според најстарите жители, вакви поплави во овој регион не се паметат од 1962 година.

Жителите на овој крај претрпеа огромни штети. Движењето низ селата е невозможно, единствено само со чамци. Надојдените води као реки течат низ селата и носат се пред себе. Во текот на денешниот ден општина Струмица ги презеде и сè уште ги презема сите мерки за справување со поплавите. Се евакуираа жители кои не можеа да излезат од своите домови, а за жителите од најзагрозените села Муртино, Сачево, Просениково и Дабиле, кои немаат услови да престојуваат во своите домови, општината организира сместување во хотелите – рече Заев, кој во текот на денот имаше средби со жителите од поплавените села.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев