ДОМ: Да се констатира истечен рок на концесијата за Иловица

Од:

ДОМ очекува Министерството за економија да констатира истечен рок на концесијата за Иловица. До овој заклучок ќе дојде веднаш, со просто прочитување на договорот, по што може да ја извести Владата. Единствениот логичен епилог е одземање на концесијата на следната владина седница, аналогно на случајот со рудникот Казандол, велат од ДОМ.

„Ова ќе значи победа на правото, еколошката свест и здравиот разум над лажните ветувања на заговорниците за изградба на опасен рудник над плодното Струмичко Поле. Со ова ќе се врати спокојот кај жителите на околните места, но и кај сите екологисти во Македонија, кои застанаа на фронтот на борбата, свесни за опасностите по здравјето и животната средина.

Како алтернатива на рудниците, државата треба да обезбеди финансиска и техничка поддршка за развој на зелена економија, во форма на органско производство, прехранбена индустрија, еко-туризам, обновливи енергии, паметни технологии и др“, се вели во соопштението од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Швајцарската компанија Трафигура стана мнозински сопственик во „Еуромакс ресоурцес“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on