На 25 јуни 2009 година, одекна веста дека Мајкл Џексон, исто така познат како крал на поп музиката, почина во Холмби Хилс, Лос Анџелес, Калифорнија, на возраст од 50 години. Подоцна беше објавено дека смртта на Џексон била убиство со комбинација на лекови во неговото тело.
Десет години подоцна, Џексон е сеуште жешка тема во светот на забавата и поп-културата. Едно нешто што никогаш не се променило е лојалноста на неговите фанови.
Џексон беше осмо дете во семејството и своето професионално деби го имаше во 1964 година, заедно со неговите постари браќа како член на Џексон 5. Соло кариерата ја започна во 1971 година и ги издаде Off The Wall, Thriller, Bad, и Dangerous, кои никогаш нема да ги заборавиме. Последниот студиски албум Invincible издаден во 2001 година, се продаде во над 6 милиони примероци ширум светот.
Paste Magazine објави дека Thriller од 1982 e најдобро продаван албум на сите времиња, продавајќи се во над 33 милиони примероци само во САД.
На Spotify, Мајкл во моментов има над 21,7 милиони месечни слушатели. Неговата најпозната песна е Billie Jean бележи над 540 милиони преслушувања. На Youtube, музичкото видео има постигнато над 655 милиони прегледи на неговиот официјален канал.
По трагичната смрт на кралот на попот беа објавени два постхумни записи – Michael and Xscape.
Во 2016 година, Форбс објави дека Џексон е најплатената мртва ѕвезда, заработувајќи 825 милиони долари.