А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Васко Маглешов
Македонија

Вајгл: Ќе добиете датум, септември и октомври се близу

by Васко Маглешов23/06/2019 - 21:1123/06/2019 - 21:12587
Share0

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот дом, соопштија дека успешно завршил вториот ден од дијалогот „Жан Моне“ меѓу партиите и дека за одредени прашања ќе продолжат да дискутираат и натаму.

Следете a1on на Instagram Instagram

Џафери рече дека основен принцип при овој дијалог е да не се соопштуваат детали за прашањата за кои не се донесени одлуки, но го издвои ограничувањето на времетраењето на дискусиите, начинот и организација на избор на генералниот секретар на Собранието.

Тој ја спомена зајакнувањето на надзорната улога на Собранието и начинот на организирањето на надзорните седници. Тема на разговор биле собранискиот деловник, финансиската независност на Собранието, прашањето со собраниските служби и собраниското обезбедување.

Разговарано било и за реституција на имунитетот на пратениците односно можноста да се врати имунитетот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Иво Вајгл рече дека е презаводолен од она што било постигнато меѓу партиите и дека очекува Северна Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија во септември или октомври.

„Ништо не е готово. Ова е само еден од почетоците на приближување. Наскоро ќе добиете датум. Септември – октомври се близу. Само едно лето стои меѓу сега и датумот кој ќе го добиете за почеток на преговорите“, рече Вајгл.

„Имате единствен функционален парламент во регионот“, кажа европратеникот за дијалогот меѓу партиите и дополни дека целиот свет се восхитува и со почит говори за успесите на Северна Македонија.

datumevropamakedonijapregovori

Би можело да ве интересира

Аларм во Европа: Над 1.000 случаи на вирусот западнонилска треска, погодени 15 земји

Горан Наумовски05/09/2026 - 19:21

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски05/09/2026 - 09:5705/09/2026 - 18:36

Првиот разузнавач на Путин предупредува: Може да дојде до голем конфликт во Евроазија

Предраг Петровиќ04/09/2026 - 17:16

Муцунски: Стоиме со Украина, таа е суверена држава

Предраг Петровиќ04/09/2026 - 16:1504/09/2026 - 16:18

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

Горан Наумовски03/09/2026 - 12:27

Трамп со жестоко предупредување: „По Израел, Иран би ја нападнал Европа“

Горан Наумовски03/09/2026 - 12:0503/09/2026 - 12:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео