Премиерот Заев денеска ќе го достави предлогот за реконструкција на Владата до Собранието

Од:

Премиерот Зоран Заев попладнево се очекува да ги достави до Собранието имињата на министрите кои ќе бидат дел од новата реконструирана Влада. Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа не одговори на телефонскиот повик на „А1 он“, за да објасни дали предлозите ќе ѝ бидат соопштени на јавноста.

Предлогот на Заев треба да биде усвоен на собраниска седница следната недела.

По реконструкција на Владата, премиерот Заев, најави дека ќе следуваат и промени во пониските ешалони, а со нив треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Предлогот до Собранието требаше да биде доставен во петокот, но премиерот го одложи за денеска, поради одржувањето на Конституенцата на која присуствуваат 15-ина министри за финансии, гувернери, потпретседатели на Светската банка и потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Во тек е реконструкција на важна скопска сообраќајница

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on