Папата вели дека муслиманите треба да ги сметаме за „партнери”

Од:

Папата Франциск во петокот рече дека муслиманите треба да ги сметаме за „партнери” со кои треба да се изгради мирен соживот за да се спречи патот на „фанатични групи непријатели на дијалогот”.

Папата тоа го порача на собир во Неапол, организиран од Понтификалниот богословски факултет во јужна Италија.

-Студентите по теологија треба да бидат едуцирани за дијалог со исламот и јудаизмот за да ги разберат заедничките корени и разликите на нашите верски идентитети и на тој начин ефикасно да придонесат за градење на општество, кое ги почитува разновидностите и поттикнува почит, братство и мирен соживот, рече тој.

Повикани сме на дијалог со муслиманите, за да ја изградиме иднината на нашите општества и градови, повикани сме да ги сметаме за партнери за да изградиме мирен соживот, дури и кога се случуваат драматични настани, дело на фанатички група непријатели на дијалогот, како што беше трагедијата за Велигден во Шри Ланка, рече папата.

-На теолошките факултети и црковните универзитети, потребно е да се поттикнат курсеви на арапски и еврејски јазик и култура и запознавање меѓу христијанските, еврејските и муслиманските студенти, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше