„Фолклорни игри под Шара“ во Тетово

Од:

Здружението на Срби и Македонци Културно-уметничко друштво „Бранко Чајка“ од Тетово денеска е домаќин на втората манифестација „Фолклорни игри под Шара“. Манифестацијата ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово со почеток во 20:00 часот.

-Манифестацијата има мултиетнички карактер. На неа учествуваат културно-уметнички друштва кои го негуваат македонскиот, албанскиот, турскиот и српскиот фолклор и тоа културно-уметничките друштва од Тетово, Јегуновце и Скопје. Учесници на манифестацијата се: Здружение на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ Тетово (македонски и српски сплет), КУД „Џеладин Зеќири“ Тетово, КУД „Извор“ Јегуновце, КУД „Јени Хајат“ Тетово и Ансамбл за народни песни и игри (АНПИ)„Јонче Христовски“ Скопје, изјави Соња Андонов, претседателка на Здружението.

Оваа манифестација е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес во културата за 2019 година од областа фолклор, музичка и музичко-сценска дејност.

Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово е формирано 1992 година, со мисија да гради мостови на пријателство меѓу двете соседни држави – Србија и Северна Македонија. На својот репертоар фолклорната секција подеднакво го негува и српскиот и македонскиот фоклор.Секцијата брои успешни настапи во градот, регионот, Македонија, Србија, Унгарија, Турција.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска