Поплави во Штип и Свети Николе

Од:

Синоќешното невреме проследено со обилни врнежи од дожд предизвика реката Брегалница да се излее од своето корито. Поплавени се 30-тина куќи во штипската населба Ново Село.

Единиците за Противпожарна заштита со пумпи ја извлекуваат водата од домовите на поплавените куќи.

Според првичните информации на директорот на ЈП „Исар“ Никола Мицевски, поплавени се и бунарите од коишто градот Штип се снабдува со вода за пиење. На штипјани им се препорачува да не ја користат водата за пиење.

За сообраќај е затворен регионалниот пат од Штип којшто води кон Радовиш од населбата штипско Ново Село. Возилата коишто доаѓаат од Радовиш и од југоисточниот дел од државата треба да возат по заобиколницата за да влезат во Штип, односно од кај приградската населба Три Чешми. Поплавен е и градскиот стадион во Штип.

Состојбата со поплавите е алармантна и во Свети Николе. Долж градот се поплавени повеќе куќи, а во моментов нема струја.

Би можело да ве интересира

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче