ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за шест месеци

Од:

Шефовите на држави и влади на ЕУ се согласија да ги продолжат за шест месеци санкциите против Русија поради недоволна имплементација на договорите од Минск.

Овие санкции прв пат беа воведени во 2014-та година поради конфликтот во Украина и нелегалната анексија на Крим. Договорите од Минск имаат за цел да понудат излез од војната во Украина, но за сега ЕУ оценува дека Москва не ги почитува целосно.

Санкциите против Русија во врска со украинскиот конфликт се состојат од мерки против неколку индустрии на руската економија, како одбраната, енергијата и финансиите. Потоа, воведени се и таргетирани санкции против одредени лица и ентитети инволвирани во војната како и бизнис рестрикции за земјите членки на ЕУ во Крим и Севастопол во однос на увозот и извозот.

Поради овие санкции, Русија не е повеќе дел од Г8 самитите, а суспендирани се и редовните ЕУ-Русија средбите на врвот, а Европската Инвестициска Банка и Европската Банка за развој и реконструкција не смеат да одобруваат нови заеми за Москва.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски