Британските власти покренаа тужба против екссопствениците на „Фени“

Од:

Британската канцеларија за сериозни измами покрена тужба против еден од тројцата основачи на фирмата ЕНРЦ, која пак до пред две години беше сопственик на кавадаречки „Фени“.

Според „Фајненшл тајмс“, британските власти ја обвинуваат Ана Машкевич за корупција. Тие наведуваат дека истрагата за ЕНРЦ е во тек, а е фокусирана на наводите за измами, мито и корупција поврзани со стекнувањето и задржувањето на големи парични средства.

Машкевич е сопственик на фирмата „Кунико рисорис“ која ја тужи Северна Македонија, а e директор и на „АЛМ Сервисис УК“.

Според стрaнските медиуми, и компанијата на Машкевич покренала граѓанска тужба против Британската канцеларија за сериозни измами, обвинувајќи за грешки во постапката, доказите и добивање привилигирани информации. Ова е постојана практика на фирмата ЕНРЦ, односно секогаш кога се почнуваат истраги за злоупотреби против нив, тие покренуваат тужби против институциите.

ЕНРЦ влезе во „Фени“ 2004 година. Во 2015 година, по судскиот спор за сопственоста, оваа фирма стана доминантен сопственик на фабриката со обврска да уплати 60 милиони долари на сметката на „Фени“.

Вработените во фабриката сведочеа дека парите не биле инвестирани, туку дека во 2016 година, „Кунико“ ги подигнале парите, за наредната година да се прекине производството и да се отвори стечајна постапка. Кратко по претстечајната постапка, поради која вработените останаа на улица, а „Фени“ имаше долгови кон 250 компании, тогашниот директор Јусуф Миракхмедов ја напушти државата.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Протестираат транспортери кои возеа за поранешно „Фени“, бараат исплата на над два милиона евра

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on