ВИДЕО: Сеуште неизградена, Крива Река ја поплави велосипедско-ролерската патека во Крива Паланка

Од:

Не беше потребно да помине долго време за да се остварат предвидувањата на граѓаните на Крива Паланка дека начинот на кој се гради велосипедско- ролерската патека во самиот кеј на Крива Река е сосема погрешен, аматерски и предизборно избрзан потег кој може да донесе непоправливи последици.

По примерот на една поговорка: Таму кај што некогаш течела вода, пак ке тече, старите кривопаланчани кои се живи сведоци на повекето поплави кои ги има предизвикано Крива Река во минатото, предупредуваа дека вака како што се гради оваа патека, на исто ниво со самата река кога тогаш ке биде буквално збришана и однесена.

Велат, кога се градеше коритото на реката во почетокот на деведесетите години не за џабе е направено со толку голема широчина, некои тогаш стручни лица ги имаат предвидено можните последици, за разлика од сега кога со самото доаѓање на сегашниот градоначалник, за негови советници и луге од доверба во општината се поставени партиски војници, познати криминалци, затвореници и шверцери кои немаат никаков професионален капацитет и умешност во советодавните улоги кои ги имаат.

Ако на ваков начин се трошат странските средства, прашање на време е само кога истите ке ни бидат блокирани заради непрофесионалното работење на поединци од актуелната власт, кои повторно претендираат да ја добијат поддршката од граѓаните, велат револтираните кривопаланчани.

На второто видео може да се види најсвеж пример како Крива Река знае да надојде и тоа само пред две години, што пак е жив доказ дека вака како што е замислена да се изгради оваа патека не и се предвидува среќна иднина.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски