Еден оди, 12 води, Талат Џафери во Кина

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потпретседател, координатори, генерален секретар, шеф на пратеничка група за соработка, шеф на кабинет, преведувач, соработници и собраниска администрација, 13 члена делегација од Собранието отиде на неколкудневно патување до Кина за да ги унапредува односите со оваа земја.

Тоа значи 13 повратни авиобилети до Кина, хотелско сместување, огромни дневници. Колку чии ова патешествие? На почетокот на месец јуни Талат Џафери беше во посета на Швајцарија, во месец мај беше во Австрија и Италија, а претходно собраниска делегација која тој ја предводеше беше во Литванија, Романија, Шкотска и Црна Гора.

Колку ваквите скап патувања навистина имаат оправданост и каков е бенефитот за граѓаните? Речиси никаков, освен што ќе се прошетаат на државен трошок.

Како што известуваат од Собранието за посетата на Кина, акцент на средбата со потпретседателот на Националниот комитет на Народната политичка консултативна конференција била економската соработка. Прашање е кои се ингеренциите на спикерот во економската сфера.

На средбата со претседателот на Секинеското Народно Собрание Ли Џангшу, освен честитки и фрази е наведено дека Џафери се согласил со својот хомолог дека, иако двете држави остваруваат успешна соработка на полето на образованието, науката, земјоделството, туризмот, медицината и други области, постојат уште многу можности за интензивирање и збогатување на соработката. Останува нејасно кој и што е посочениот хомолог.

Би можело да ве интересира

Ли Кјанг: Кина влегува во нова фаза на развој што отвора можности за светската економија

Предраг Петровиќ

Си Џинпинг: КПК испиша „највеличествен еп“ во историјата на Кина, модернизацијата останува главна цел

Предраг Петровиќ

Светот се плашеше од цената од 200 долари за барел: Како Кина тивко ја спаси светската економија

ВИДЕО: Кина им испрати порака на Америка и Иран

Шестмина загинаа во пожар во куќа во покраината Хунан

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина