Пет лица обвинети за трговија со дете

Од:

Обвинение против пет лица за сторено кривично дело „трговија со дете“ поднесе надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Тие се теретат дека од декември 2017 година подведувале малолетно девојче на вршење полови дејствија со други лица за одреден паричен надоместок во Тетово и Скопје.

Петмината обвинети се наоѓаат во притвор, откако Основниот кривичен суд Скопје го прифатил предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор, со оглед на специфичноста на кривичното дело што им се става на товар, општествената опасност од сторување на истото, можноста за брзата заработка која ја овозможува трговијата на деца и постоење реална опасност обвинетите да го повторат кривичното дело за кое се теретат.

Од ОЈО информираат дека со истрагата е утврдено дека во периодот од 22.09.2017 година до 27.02.2018 година, откако мајката на детето – жртва била задржана во притвор, првообвинетиот како нејзин татко, се обврзал да се грижи за својата тогаш петнаесетгодишна ќерка. Злоупотребувајќи ја својата положба како родител – старател, во два наврата од користољубие, на детето – жртва му договорил присилен брак. Детето не сакајќи да ги прифати кандидатите за сопруг ги напуштило и не се вратило кај татка си, туку заминало во домот на третообвинетиот со кого била во љубовна врска и каде претходно престојувале со мајка си.

Третообвинетиот, се вели во соопштението на ОЈО, знаејќи дека девојчето се уште е вљубено во него, го прифатил и ја искористил нејзината положба, па од користољубие во два хотела во Скопје, на непознати мажи им овозможувал сексуални услуги од детето. Парите од услугите во износ од по 3.000 денари мажите ги исплаќале на детето, а третообвинетиот ги земал за себе.

Од декември 2017 година девојчето било екплоатирано преку проституција од страна на второ, трето и четврто обвинетите кои договарале сексуални услуги од детето–жртва за одреден паричен надоместок во Тетово и Скопје.

Од ОЈО информираат дека на 27.02.2018 година детето било пронајдено од полициски службеници, без родител како законски застапник, пријавено во ЈУ МЦСР Скопје и згрижено во „Мал групен дом“ во Скопје.

– Кон крајот на 2018 година детето самоволно го напуштило домот каде што било згрижено. Во периодот од 24.12.2018 година до 13.01.2019 година трето и четврто обвинетите го прифатиле, засолниле и заедно со петообвинетата во поединечни случаи, го подведувале на вршење полови дејствија со други лица за одреден паричен надоместок. Исплатените пари за услугите што ги пружала оштетената ги земале осомничените, а за возврат и обезбедувале престојувалиште, се наведува во соопштението.

Постапката, како што информира Обвинителството, е отворена во јануари оваа година против две лица, но потоа истрагата е проширена за уште три лица и по сеопфатната истражна постапка до Основниот кривичен суд Скопје, обвинителот доставил Обвинителен акт против пет лица за сторено кривично дело – Трговија со дете.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски