Белгискиот убиец на бебиња во јасли, на денешното судење, рече дека испаничил и дека “немал друг избор”, туку на смрт да избоде две бебиња и нивната негувателка.
Ким де Гелер признава дека првично имал намера да убие “, што повеќе луѓе”, но дека, влегувавајќи во градинката, се премислил, сфаќајќи дека “ова тоа не е добро.” Потоа, како што рече, “на патот му се нашле луѓето, па се испаничил”, пренесува АФП.
Де Гелдер верува дека во таква ситуација можеби и самиот судија би го сторил истото.
Во испитувањето, кое траеше околу пет часа, Де Гелдер рече дека бил свесен оти не треба да убива, но немал друг избор. “Можеби однадвор сум принуден на овој избор. Тоа дојде директно”, изјави убиецот.
Де Гелдер, кој сега има 24 години, обвинет е за убиство на две бебиња на возраст од шест и девет месеци и на нивната 54 годишна негувателка во јаслите во градот Дендермонд, во јануари 2009 година, како и за обид за убиство на уште 22 лица во истата зграда, од кои шеснаесет деца на возраст до две години.
Тој е обвинет и за убиство на една постара жена во одвоен напад, една недела претходно.
Судот треба да одлучи дали Де Гелер е ментално здрав или не, како што тврди неговиот адвокат. Тој истакнува дека Де Гелер е параноиден шизофреничар “, кој не е одговорен за своите постапки и не може да биде казнет.”
Де Гелер го изврши кривичното дело облечен како “Џокер” лошиот херој во култниот филм “Бетмен” од 2008 година, кој го глумеше рано починатиот австралиски актер Хит Леџер.