(ВИДЕО) Георгиев: Предлогот е ВМРО-вска спинерска патка

Од:

За СДСМ предлогот на ВМРО ДПМНЕ за пролонгирање на рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и советнички листи бил манипулација со јавноса и спинерска патка од страна на ВМРО-ДПМНЕ рече за А1 Гордан Ѓеорѓиев

„Денешниот предлог не беше предлог. Тоа беше еден вид манипулација со јавноста. Да ја потсетам јавноста дека предлогот на СДСМ од 15 февруари на претседателот Црвенковски кај што бараме да се оди на одложени локални избори од технички причини, и на кој што граѓаните со еден глас повеќе ќе одлучат дали ќе има предвремени парламентарни избори е нашиот основен предлог. Сегашниот предлог на Ставрески, истиот оној Ставрески што со раката мафташе кога не истераа од собарните и што беше сооучесник во големиот скандал не го сметаме за предлог. Тоа е класична Вмроовска спинерска патка“ рече за А1 Гордан Георгиев.

Георгиев вели дека СДСМ ќе оди на избори само ако има договор за предвремени парламентарни избори.

„Бидејки роковите се кратки и немаме многу време, и бидејки очигледно е дека нема воља од ВМРО ДПМНЕ, тие се спремни да ја стават под залог државата, иднината на државата и сите нејзини перспективи , јас не очекувам од нив нешто конкретно и посериозно. Ако има воља од нив може да седнеме на маса и да го решиме тоа. Но јас сум песимист дека тоа ќе се случи.Ние сме бетон цврсти дека легитимитетот на собранието и на институциите во државата може да се врати само на предвремени парламентарни избори. Ако некој мисли од другата страна дека сме се шегувале од сега да знае дека Македонија ја втурнува во тешко и опасно сценарио“ рече Георгиев.


На прашањето дека постои загриженост и страв кај администрацијата во опшините кои сега се под раководство на СДСМ и во јавните претпријатија дека ќе останат без работа ако СДСМ не оди на избори, Георгиев рече:

„Не е спорно дека ова е голем влог за сите членови на СДСМ и не е спорно дека бојкотот на локални избори е најтешкиот тип на бојкот за една партија. Ова е голема и силна партија, ова е како што вели Црвенковски бетон партија и ние во име на повисоките цели, а тоа се сите граѓани на Македонија сме подготвени да ја поднесеме таа жртва“.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он