Пакистански владини претставници беа прикажани при пренос во живо со мачкини уши и мустаќи, по што владејачката партија на земјата ја припиша грешката на човечки фактор.
Pakistan's ruling party shared a government live on Facebook, but accidentally added a cat filter onto it. This was the result. ?? pic.twitter.com/XGtiGYo2De
— Firas El Echi (@FirasElEchi10) June 16, 2019
Пакистанската партија „Техреек е Инсаф“ (ПТИ) соопшти дека филтер-мачка по грешка бил вклучен од трудољубив волонтер во моментите кога Шукат Јусафзаи, покраински министер за информации, давал изјава за новинарите.
ПТИ соопшти дека филтерот бил отстранет по неколку минути додавајќи дека се преземени сите неопходни мерки за да се избегне сличен инцидент во иднина.