СДСМ:  Мицкоски треба да знае дека со ниту една измислица нема да ја врати државата назад во темното минато на поделби, деструкција и изолација

Од:

Безидејната ВМРО-ДПМНЕ  наместо конкретна програма, идеи и предлози останува заглавена во матрицата на Никола Груевски на ширење на  лажни вести и измислици, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со месеци лажеа за градење кампови и станови за мигранти, лажеа за наводни федерализации и кантонизации. Денес, Христијан Мицкоски по стапките на Груевски лаже за наводни редефинирање на државата и политичкиот систем. Уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо нив не се променило, Мицкоски е ист како Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што се против напредокот, против интеграција на државата, со ваквите невистини очајно се обидуваат  да го вратат времето на поделби и тензии  во кое со години ја држеа државата заробена.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што не можат да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција, единствените што навиваат за неуспех на
државата.

Но, Мицкоски треба да знае дека со ниту една измислица нема да ја врати државата назад во темното минато на поделби, деструкција и изолација. Колку и да не му се допаѓа, по години стагнација,државата сега оди напред и враќање назад во мрачното минато  нема да има.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!