СДСМ: После сите порази, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од промените, СДСМ се менува во интерес на граѓаните

Од:

СДСМ се менува во интерес на граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на Никола Груевски, на деструкција и блокади. После сите порази и неуспеси, Мицкоски најмногу се плаши од промени. Мицкоски би останал слеп послушник на Груевски по секоја цена, тој не би менувал ништо, нема свое јас, нема капацитет, едноставно слуша што ќе му каже неговиот шеф и тоа за него е доволно и најважно, реагира СДСМ на денешната прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„На една страна се промените во СДСМ во интерес на граѓаните и напредокот а на друга страна е Мицкоски, деструкциите, блокадите и враќањето назад. Затоа СДСМ ја движи земјата напред, предводник на напредокот, интеграциите, развојот.

Затоа, само за 2 години со СДСМ и Зоран Заев од заробена држава станавме светол, блескав пример. Затоа за само 2 години на дофат е остварувањето на врвните стратешки и национални интереси, членство во НАТО и ЕУ.

Затоа економијата расте со рекордни стапки, се намалува невработеноста, растат платите и инвестициите, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Тоа носат промените, напредок! Со Груевски и неговиот послушник Мицкоски на чело, ВМРО-ДПМНЕ може да се очекува само нови порази. Северна Македонија продолжува напред!“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ