Вработени во обложувалниците и казината бараат да бидат вклучени во расправата за Законот за игри на среќа

Од:

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ бара учество во процесот на изнаоѓање соодветно решение за Закон за игри на среќа.

„Со месеци сме предмет на жестока негативна кампања со која игрите на среќа треба да се претстават во јавноста како „дувла“ на беззаконие и како извор на зло за младите генерации. Тргнувајќи од фактот дека во објектите на сите категории игри на среќа сме вработени околу 7 700 луѓе, индиректно се засегнати најмалку 23 000 граѓани, кои преку нашите работни места обезбедуваат егзистенција, а истовремено оваа дејност индиректно подржува и помага речиси 54 000 работни места,во интерес на вистината и реален приказ на состојбите во оваа дејност одлучивме да се организираме во Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“.Како една од најуредените професии во земјата, ги уживаме сите права од работниот однос, ни се плаќаат и прекувремени часови и работа на празници. Се е 100% законски. И ние сме родители, најчесто на малолетни деца,и никогаш не би се согласиле да работиме нешто што им прави штета на младите, бидејќи така работиме и против сопствените деца“, велат од Здружението.

Од таму велат дека ја разбираат загриженоста на дел од граѓаните дека спортските обложувалници, видео лотаријата т.н. VLT, автомат клубовите и казината можат да ги заведуваат младите, но, велат од Здружението, пред да се донесе конечен суд треба да се запознаат сите околности.

„Вработени сме во објекти кои се носители на светски познати и реномирани брендови од овој бизнис, затоа кај нас одамна е задолжително да се имплементираат сите највисоки стандарди на ЕУ. Во нашите објекти влегуваат најмногу 3% од полнолетната популација, кои се традиционални играчи. Некој од нив игра од забава, некој игра за да заработи плус, некој за да си ја задоволи играчката страст. Кај нас многу ретко некој влегува од љубопитство. Се работи за луѓе кои претходно веќе играле, најчесто во западните земји и тука си ја пробуваат среќата. Дури, во автомат клубовите имаме дежурен психолог кој стои на располагање за секој играч кој евентуално ќе почувствува зависност од игрите на среќа. Тој веднаш може да го контактира за стручна помош. Во ниту еден објект,не смеат да влегуваат малолетници и секој наш апарат 365 дена во годината е поврзан со УЈП. Ниту нешто црно се случува, ниту сме „црни ѓаволи“ како што некој упорно сака да не претстави“, велат од Здружението.

Од таму додаваат дека не бегаат од дополнителна регулација на сите категории игри на среќа, но дека евентуалната одлука да се следи примерот на Косово и Албанија, и во Северна Македонија да се забранат игрите на среќа, е целосно погрешно решение.

„Исто така, одговорно тврдиме дека предлозите за дислоцирањето на објектите во кои се организираат игрите на среќа нема да ја постигне целта за која јавно се залагаат заговорниците на ова решение. Само ќе стават во опасност 7 700 луѓе, кои ќе останат без работа и најверојатно ќе заминат од земјата. Она што е апсурдно е што ќе ја работат истата работа во некоја европска земја. Целосно погрешно е верувањето дека дислоцирање на објектите ќе ги спречи граѓаните да играат игри на среќа. Едноставно, пробувањето на среќата е дел од човечкиот карактер. Игрите на среќа имало и ќе ги има секогаш. Сигурни сме дека едно избрзано решение само ќе креира предуслови за отворање на „диви“ играчници, надвор од регулацијата на надлежните институции, каде младите ќе бидат далеку повеќе загрозени, а државниот буџет со намалени приходи. Доволно е да се потсетиме на аферата „Детонатор“, од 2011, кога полицијата заплени околу 1000 диво поставени покер апарати во нелегални коцкарници“, велат од „Сакам да работам“.

Според нив, постојат поефикасни решенија од инсистирањето на затворање или дислоцирање на објектите со игри на среќа, како на пример, напуштање на досегашната пракса за издавање на лиценца за трговското друштво и воведување на лиценца за секој објект во кој се организираат игри на среќа.

Би можело да ве интересира

При контрола во пет спортски обложувалници во тетовско констатирани бројни неправилности, приведени две лица

АСОМ: Владата не го исполни ветеното, бараме итно воведување онлајн игри на среќа

Ана Ололовска

АПИС: Политички мотивирани предложените измени на Законот за игри на среќа пред локалните избори

Ана Ололовска

АСО: Нема потреба да се носи закон за оддалечување на обложувалниците од образовните институции

Ана Ололовска

Обложувалниците реагираат на наводите за перење пари: ДКСК го урива кредибилитет на цела гранка

Жарко Настоски

АСОМ: Со предлог измените на Законот на игрите на среќа, илјадници вработени на улица и отворање пат за нелегално обложување