Во населбата Козле во општина Карпош, денеска на денот на неговото погубување е откриен споменик на народниот херој „Кузман Јосифовски Питу“.
Автор на споменикот, кој е излеан во бронза е академскиот скулптор Сашо Поповски.
Споменикот, е поставен во непосредна близина на местото на неговото погубување кое го стори бугарски војник. Споменикот, кој со сопствени средства го градеше општина Карпош, има висина од 3,5 метри.
Инаку, споменикот е изработен од најквалитетни материјали и е излеан во РЖ „Институти“ во Скопје. Неговото свечено откривање ќе биде на 25 февруари, на денот на неговото загинување.
„Кузман Јосифовски-Питу и неговата генерација интелектуалци први ја осознаа судбината на македонскиот народ и согледаа дека КПЈ може да вети и обезбеди национална слобода и рамноправност.
– Питу ја оспособи Западна Македонија за првата слободна територија по разгромот на Кралството Југославија, новата делба и фашистичката окупација на Македонија. Беше член на првиот состав на ЦККПМ, на Главниот штаб на Македонија. Сепак, негов најкрупен придонес е подготовката за конституирање на самостојна Република Македонија, сонот на сите генерации Македонци“, рече носителот на Партизанска споменица, проф. д-р Трајче Грујоски.
Улогата на Питу се минимизира, рече Грујоски, а тоа , рече се гледа, во нивното „Скопје 2014“, каде немаше место за споменик на Кузман, а не се споменува ниту првиот македонски генерал Михајло Апостолски.
Околу споменикот имаше реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Тврдеа дека општината избрзала за да го постави споменикот и тоа помал, само за да биде временски пред Владата.