Натали Лоазо ја повлече својата кандидатура за претседавач со центристичката група во ЕП

Од:

Натали Лоазо ја повлече својата кандидатура за претседавач со центристичката група во Европскиот парламент, поранешната АЛДЕ, со што се покренува прашањето за француското влијание во Европарламентот, јави дописникот на МИА.

По тешкиот почеток во Брисел, поранешната министерка за европски прашања Натали Лоазо, која ја предводеше листата Ренесанса на партијата на шефот на државата Емануел Макрон, повеќе не е кандидат за претседател на центристичката група во Европскиот парламент.

– Натали Лоазо го направи овој избор да ги зачува интересите на Ренесанса и нашата способност да имаме тежина во следниот парламент, вели еден француски европратеник од оваа група.

Со 21 европратеник, партијата на францускиот претседател успеа да го смени името на групата, односно нивното учество беше условено со отстранување на името „либералана” од името.

Французите сега во најдобар случај можат да се надеваат на потпретседател, поради недостаток на силен кандидат, иако некои велат дека нивната амбиција е непроменета.

Предноста да се има претседавач со групата е пристапот до „Претседателска конференција“ во Европскиот парламент. Тука се решава сè, од дневниот ред до обработката на најчувствителните податоци, но Франција нема да има ниту еден претставник.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано