Израелски одмазднички напади врз Појасот Газа

Од:

Израелската армија денеска соопшти дека нејзини авиони бомбардирале цели во Појасот Газа, како одговор на вчерашниот ракетен напад од оваа палестинска територија врз јужен Израел, при што беше погодена зграда во градот СEдерот.

Во армиското соопштение се нагласува дека воените авиони гаѓале „терористичка инфраструктура“ на радикалното исламистичко движење Хамас, кое ја има контролата врз Појасот Газа.

Засега нема информации од палестински извори за евентуални жртви при израелските воздушни напади. При вчерашниот ракетен напад врз Сдерот немаше жртви.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел