Хакинен: Со Шумахер имавме поголема слобода од Хамилтон и Фетел

Од:

Мика Хакинен верува дека тој и Михаел Шумахер имале повеќе слобода да се натпреваруваат едни против други, отколку што сега им се овозможува на Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.

Изјавата на двократниот Ф1 шампион дојде по казната што ја доби Себ во Канада и поради која победата беше запишана на име на Хамилтон, кој гопомина втор карираното знаме.

– Можеби во наше време немаше толку многу камери, кои го следат секое едно нешто што го правиме. Инаку, со денешните правила, требаше да има многу 5-секунди казни, па дури и посурови. ФИА прави одлична работа во желбата да го направи спортот побезбеден, а стјуардите имаат тешка задача и врз нив има доста напон. Сепак, мислам дека пилотите, тимовите, ФИА, организаторите на Формула 1 треба да измислат како натпреварувачите да возат послободно. Никој не беше среќен во неделата, казната стави крај на борбата за лидерство и ги разочара сите, што ја следеа трката, изјави Хакинен.

Финецот додаде дека во Ф1 треба да размислат можноста да бидат назначени тројца постојани стјуарди, наместо поранешни тркачки пилоти.

– Претходно оваа година Формула 1 го загуби долгогодишниот тркачки директор Чарли Вајтинг. Иако Чарли не одговараше за стјуардите, тој влијаеше врз целиот спорт. Беше на секоја трка, го познаваше секој пилот и беше практичен при донесувањето на одлуките. Не ги поставувам под прашање способностите на стјуардите во Канада, но мислам дека би било корисно за спортот истите луѓе да ги носат одлуките, заврши легендарниот пилот.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он