Светот не смее да дозволи голем конфликт во Персискиот Залив, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш по инцидентот со двата танкера за нафта во Османскиот Залив.
Гутереш остро ги осуди „инцидентите“, кои се случуваат по еден месец откако четири танкери беа нападнати во реонот на истиот стратешки морски пат, преку кој минува голем дел од светската нафта.
Вашингтон минатиот месец го обвини Иран за напад врз четири танкери за нафта во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати, но властите во Техеран отфрлија каква и да било нивна поврзаност со настанот.
Претходно овој месец Обединетите Арапски Емирати во допис до Советот за безбедност на ОН посочија дека нападите врз танкерите со нафта во нивните пристаништа, најверојатно се дело на „државни служби“.