Србија остана без селектор

Од:

Српската фудбалска федерација одлучи да го ослободи селекторот Младен Крстајиќ, пишуваат медиумите во Србија. Веста доаѓа лично од потпретседателот на федерацијата, Драган Симовиќ.

Една од главните причини за отпуштањето на стратегот е дебаклот од 0-5 против Украина во квалификациите за ЕП. По овој пораз, Србите ја победија Литванија со 4:1, но тоа не беше доволно да се спаси поранешниот репрезентативец на „орлите“. Новиот тренер ќе стане јасен до 10ти јули. Крстајиќ ја презеде функцијата во октомври 2017 година, откако Славољуб Муслин си замина.

Србија одигра 19 натпревари со Крстајиќ на чело, откако забележа 9 победи, 5 нерешени и 5 порази. Србија моментно е рангирана на третото место во групата „Б“ со 4 поени, колку што има и Луксембург. Прва е екипата на Украина со 10 поени.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска