Тодоров: За разлика од СДСМ, ние не се занимаваме со пеење, туку со имплементација на конкретни проекти

Од:

Сојузот за иднината денеска на протестот пред Министерството за здравство ги развеселија вработените во институцијата со песни, како што практикуваат да протестираат. За разлика од нив, ние не се занимаваме со пеење, туку се занимаваме со имплементација на конкретни проекти, со конкретни дела за подобрување на состојбата на граѓаните.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција за отворање на 51 аптека во рурални средини и во поголеми населени места.

–  Набавивме опрема, тие не, набавивме нови амбулантни возила, тие не, ги намаливме цените на лековите кои никогаш претходно не беа намалени, тие не, сериозно инвестираме во инфраструктурата, градиме болници, тие не. Тие пеат, ние не, рече Тодоров.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство