Ѓорѓе Иванов нема да добие можност да се трка за уште еден претседателски мандат, пренесува порталот Макборба кој се повикува на информации од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова веќе му е соопштено на луѓето на Иванов и оваа одлука на партијата тие ќе ја почитуваат”.
-Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ остава простор за неколку кандидати од кој еден е Никола Груевски, а тој доколку се кандидира веруваме дека Пешевски ќе го завземе неговото премиерско место.
-Другите кандидати ќе бидат амбасадорот Јолевски и Ниче Димовски. Овај став е изграден веќе во партијата заради тоа што е можен референдум, а кампањата за нов Председател на РМ треба да почне многу порано, брифирал извор од партијата на власт.
Инаку на Иванов му е оставен простор за тој со неколку новинари да настапи како кандидат на помала партија, или како независен кандидат.