Србија е подготвена да организира самит меѓу Русија и САД

Од:

Србија е подготвена да биде домаќин на самит меѓу Русија и САД и да стане мост за воспоставување дијалог меѓу Москва и Вашингтон, изјавил српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Портпаролот на претседателот на Русија Владимир Путин, Дмитриј Песков вчера за РИА Новости изјави дека Москва се уште не добила никакви предлози од Вашингтон за средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп. И со оглед на тоа што Американците не иницирале подготовка за преговори, тоа не се спроведува, додаде Песков.

Во исто време, Дачиќ за „Известија“ изјавил дека српските власти имаат корист од подобрување на руско-американските односи и за нормализирање на ситуацијата на меѓународната сцена. Српскиот министер за надворешни работи истакнал дека земјата е подготвена да стане „врска и мост за воспоставување дијалог меѓу Москва и Вашингтон“.

– Ние веќе го предложивме ова пред две години и ќе го предложиме повторно. Мислам дека тоа е идеално решение, Белград отсекогаш бил место за средби на различни политички сили. Затоа сме подготвени да организираме такви преговори, рекол Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија