Георгиевски: Голем срам за Косово што не покани македонска делегација

Од:

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, вели дека е голем срам за Косово што не покани македонска делегација на одбележувањето на 20-годишнината на влегувањето на НАТО во Косово.

„На прославата по повод дваесет години од влегувањето на НАТО во Косово како што забележав немаше покането делегација од Македонија.

Тоа е голем срам и за Косово но и за меѓународната заедница. Да се игнорира Македонија во нејзината улога на комплетната логистичка поддршка на НАТО интервенцијата, бегалската криза и последиците што ги имаше за нашата земја. Па дури и самиот крај: согласноста само преку Македонија да се влезе со копнена офанзива.

А потоа ни вратија со воена агресија“, напиша Љубчо Георгиевски на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Георгиевски: Палевски направи весник специјално против мене, беше пријател на Црвенковски, Верушевски, Димовска, Костов

Георгиевски до Груевски: Се што ми направи мене сега ти го прават тебе

Предраг Петровиќ

Поранешните премиери Бучковски и Георгиевски ќе бидат дел од новиот клуб за македонско-бугарско пријателство

Планот на Георгиевски е срамен за Македонија, реагира градоначалникот на Куманово

Катерина Ѓуровски

Љубчо Георгиевски во Софија се сретна со Захариева

Жарко Настоски

Георгиевски: Немам ништо со приватизацијата на Поштенска банка

Ана Ололовска