Првото бебе родено илегално во Чернобил по катастрофата: Нејзината судбина е ужасна и среќна во исто време

Од:

Чернобил e повторно тема која го интригира светот, сето тоа благодарение на многу популарната HBO серија за нуклеарната катастрофа во 1986 година. Публиката тврди дека оваа изведба е една од „најдобрите на сите времиња”, но некои од интересните приказни во Чернобил не се поставени во серијата…

Имено, во серијата го нема ликот на Маријка, единственото дете родено во високо загадената чернобилска зона по катастрофата. Тогаш новороденото, сега веќе порасната девојка, ги пополнуваше колумните на весниците кон крајот на деведесеттите, а во светот претставуваше „симболот на ренесансата на Чернобил“, бидејќи стана првото бебе кое беше родено и израснато во близина на спорниот реактор број 4.

Кога се родила во 1999-та година, украинските власти се обиделе да ја скријат „оваа срамота“ и ги третирале како криминалци, бидејќи Маријка е родена во семејство на работници во Чернобил, кои илегално живееле во зоната на евакуација од 30 километри.

Властите се обиделе да ги присилат да ја напуштат зоната, но тие одбиле бидејќи не им било понудено алтернативно сместување. Биле на удар на остри критики и навреди, а огромен број луѓе ги обвинувале дека свесно ја убиваат својата ќерка.

Медиумите пишувале како ова русокосо девојче плива во река во која има заразени риби, со кои се хранела, пие млеко од крава која пасе на озрачените чернобилски пасишта.

Нејзината мајка Лидија Совенко постојано ги демантриала гласините за здравјето на својата ќерка.

„Ако луѓето мислат дека е мутант или дека има две глави, не се во право. Таа е прекрасно дете, апсолутно е здрава“, велела таа.

По првичната хистерија, за Маријка веќе никој не бил заинтересиран се до денеска, кога медиумите дошле до информации и дознале дека живее сосема нормално.

„Добро сум, работам“, кратко искоментрала Маријка за „Sunday Express“, додавајќи дека студира во Киев и дека наскоро ќе го прослави 20. роденден.

Нејзините пријатели за медиумите објасниле дека таа не размислува за минатото и дека е посветена на студиите и работата.

„Не и е важно дека е посебна поради тоа што е родена во Чернобил. Фактот дека таа е единственото дете кое е родено таму по експлозијата и која израснала таму, е прилично болен за неа“, раскажаа нејзините пријатели додавајќи дека таа како дете ја молела мајка си да не кажува од каде се.

Мајката на Маријка, Лидија и понатаму живее и работи во областа Чернобил, а нејзината ќерка има посебна дозвола да оди во тој реон кога ќе посака за да ја посети.

„Луѓето веруваат дека Маријка е симбол на чернобилската ренесанса, знак од Бог кој го толкуваат како благослов да се живее овде и дека животот полека се враќа во ова место“.

Би можело да ве интересира

Украина: Руските војници кои беа во Црвената шума во зоната Чернобил во 2022 година не се живи

Горан Наумовски

Гроси: Најголемата нуклеарна централа во Украина е целосно надвор од контрола

А1он

Меѓународната агенција за атомска енергија ќе помогне во санацијата на штетите во Чернобил

МААЕ: Нивото на радиоактивност во Чернобил е нормално

А1он

Гроси: Нивото на радијација во Чернобил е ненормално

Триесет и шест години од несреќата во Чернобил