Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе го презентира Вториот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.
Извештајот е резултат од следењето на судските постапки од предметите во надлежност на СЈО од страна на Мисијата.
На презентацијата ќе се обратат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.