Во Тетово одбележана 69-годишнината од загинувањето на Кузман Јосифовски Питу

Од:

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Кузман Јосифовски Питу денеска во касарната на АРМ во Тетово, што го носи неговото име, беше одбележана 69-годишнината од неговото загинување.

Според командантот на тетовската касарна мајор Блаже Николовски денешното одбележување е со цел да не се дозволи да се заборави неговото херојско дело, како и за негување и чување на историјата.

– Нашата должност не е само создавањето на историјата туку и нејзино негување и чување оти народ кој не извлекол поуки од својата историја не може да има ниту своја иднина. Со самото доделување на прекарот Питу на нашиот патрон јасно се зборува за каков херој и борец станувало збор. Во времето полно со искушенија и премрежја тој на Македонија и го даруваше најсветото, го жртвуваше својот живот, ставајќи се себеси во темелите на новата иднина и новата држава. Наш долг е тоа дело и таа жртва да не се заборават, рече Николовски.

По повод 69-годишнината од смртта на Кузман Јосифовски Питу пред неговата биста почит му одадоа претставници од тетовскиот гарнизон, општината, сојузот на борците, резервните старешини, воените ветерани како и претставници на повеќе политички партии.

Би можело да ве интересира

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил

Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово, тешко повредена е 29-годишна жена

Горан Наумовски

Пожар во касарната во Тетово, повредени се двајца војници

Горан Наумовски

Започнува Меѓународниот филмски фестивал ВачАут (WatchОut) во Тетово