Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

Од:

Пратеникот Павле Богоевски претпладнево до собраниските служби ја достави оставката, која ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на пратеникот и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.

За Богоевски, кој е претседател на Комисијата, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и е недостоен за вршење на пратеничката функција.

Независниот пратеник, кој е дел од пратеничката група на СДСМ, по ова најави дека ќе поднесе оставка, но откако ќе гласа за одземање на мандатот на поранешниот премиер Груевски.

Инаку, почетокот на 102. собраниска седница доцни и како што најавија од Кабинетот на претседателот на Собранието, ќе започне во 12:30 часот. Одложувањето е поради средбата со чешкиот премиер.

Се очекува, според информациите од Собранието, на седницата да биде констатирана оставката на Груевски, следејќи претходни примери на пратеници кои не биле лично на седница. За гласањето на Извештајот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на владејачкото мнозинство му е потребно двотретинско мнозинство, кое во моментов го нема.

Би можело да ве интересира

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани